Најдобриот македонски автомобилист останува дел од семејството како бренд амбасадор на Видеолотарија касинос Австрија.
„Популарниот Иџе за нас не е само извонреден професионалец и врвен спортист, туку претставува симбол за лојалност, со оглед дека долги години е партнер на нашата компанија и верно лице на нашите вредности. Нашата релација е двонасочна бидејќи и Видеолотарија касинос Австрија бројни сезони стои зад Стефановски во неговите борби со брзините и со конкуренцијата насекаде низ Европа. И во новата натпреварувачка година тој почна да реди победи и одлични резултати, а Видеолотарија касинос Австрија е тука да го поддржува во секој метар од асфалтот.
Тандемот Иџе-Видеолотарија Касинос Австрија стана препознатлив и меѓу неговите поддржувачи и општо во јавноста и досега беше потпишан под многу успеси, општествено одговорни акции и среќни приказни. Затоа веруваме дека и понатаму ќе продолжиме да претставуваме пример и репер за квалитетна и професионална соработка. Како модерна и одговорна компанија ние ќе продолжиме да ги негуваме заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик“, соопшти компанијата.