понеделник, 21 октомври 2024

Ибраими ја врати Струга од два гола негатива, но ветеранот Куцка донесе победа за Слован (ВИДЕО)

Струга пружи силен отпор на гостувањето кај Слован Братислава, но шампионот на Македонија на крајот загуби со 4-2 во првото коло од квалификациите во Лигата на шампиони.

Објавено на

часот

Сподели

Струга беше блиску до изненадување и повелен резултат на првиот натпревар против Слован.

Шампионот на Словaчка влезе како голем фаворит, и брзо ја оправда ваквата улога, Вајс погоди за 1-0 во 16. минута, а Мак зголеми на 2-0 во 36. минута.

Сепак, Струга не се откажа и по десетина минути игра во второто полувреме, Ибраими изнуди и реализираше пенал за 2-1.

Ибраими потоа по втор пат се запиша во листата на стрелци и во 74. минута погоди за 2-2.

Но сето ова падна во вода во финишот од мечот, голманот Дујмовиќ лошо процени една нафрлена топка, па Куцка со глава ја затресе мрежата и го врати Слован Братислава во водство од 3-2.

Во првата минута од судиското надополнување, Куцка повторно скокна високо и по еден корнер погоди по втор пат за победа од 4-2.

Реваншот помеѓу Струга и Словен се игра за седум дена во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ