Според информациите од Италија, Фонсека по натпреварот имал состанок со директорите, а информацијата дека добива отказ ја добил директно од сопственикот Гери Кардинале и тоа преку СМС порака. Навивачите го критикуваа начинот на кој Фонсека беше избркан од клубот. По средбата со Рома веќе одлуката беше донесена, а тој се појави пред медиумите и зборуваше како по секој друг натпревар.
На официјалната презентација на Консеисао коментар за ситуацијата даде Златан Ибрахимовиќ.
„Максимално почитување до Пауло Фонсека. Не можеше да продолжи понатаму поради резултатите, кои се од суштинско значење за Милан. Одлуката ја донесовме по натпреварот. Направивме грешка што го испративме на прес-конференцијата иако веќе одлучивме, му се извинуваме на Фонсека и на навивачите. Ги разбираме и фановите, ние први сме незадоволни од позицијата на табелата. Одговорноста не е само на тренерот, таа се дели на сите“, изјави Ибрахимовиќ.
„Росонерите“ вртат нов лист под водство на Консеисао. Тимот веќе отпатува во Ријад каде што в петок ќе се судрат со Јувентус.