„Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд реквизити, фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата Борис Трајковски.
Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.
Ги повикуваме надлежните институции и апелираме да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, се вели во известувањето од Град Скопје.