сабота, 27 јули 2024
Софија

И Радев со реакција на говорот на Сиљановска

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска упати остро предупредување до политичарите во Македонија во кое наведе дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и со другите меѓународни договори што Македонија ги има потпишано.

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис смета дека е провокација фактот што македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова не кажа „северна“ додека ја даваше својата заклетва. Радев нејзиниот говор го оцени како „демонстрација“.

„Преговарачката рамка, за информирање на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира“, се наведува во соопштението на претседателството, пренесе Њуз.бг.

„Веќе во првата реченица од ставот на бугарскиот претседател се напишани сите карактеристики на нашиот западен сосед – Република С. Македонија (РСМ), јасно наспроти демонстрациите што вчера ги направи Гордана Сиљановска, која положи заклетва како нов претседател на земја, но без изговарање на меѓународно признатото име државата“, се вели во дел од соопштението и се додава:

„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се исполнат“, вели Радев и експлицитно потсетува дека „Република С. Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ