петок, 18 октомври 2024

„И одмор, и заштеда“ – промотивен орочен депозит на Прокредит банка со атрактивни каматни стапки на само 13 месеци

Во летните денови, вистински предизвик е да се најде рамнотежа помеѓу штедењето и уживањето. Токму затоа, Прокредит како одговорна банка, преку мотото „И одмор, и заштеда” ја поттикнува културата на штедење со понудата за орочен депозит со атрактивни каматни стапки и рок на орочување од само 13 месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Во промотивниот период, Прокредит нуди фиксни каматни стапки до 3.6% за денари на рок од 13 месеци и до 2.5% за евра на рок од само 13 месеци.

Краткиот рок на орочување е бенефит кој клиентите посебно го ценат, бидејќи за приближно една година парите повторно им се на располагање и можат да прават нови планови за иднина. Па така, доколку започнете со штедење денес, вашата заштеда за летниот одмор наредната година е веќе загарантирана бидејќи каматата е фиксна.

Прокредит банка како единствена банка со 100% германски капитал во нашата земја, во изминатите 20 години стекна репутација на доверлива и стабилна банка со висока ликвидност и со висок кредитен рејтинг, што ја прави прв избор за штедење на бројни клиенти.

Покрај сигурната заштеда за иднината, за прв пат на нашиот пазар Прокредит Банка носи и уникатна поволност – бесплатни девизни приливи од странство до крајот на годината за сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во промотивниот период до 31 август, што е дополнителна заштеда на трошоци. Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, банката обезбедува поддршка и високо-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции.

Прокредит банка е препознатлива по своите современи дигитални банкарски услуги, па така и аплицирањето за промотивните услуги може да се направи брзо и лесно, целосно онлајн на веб-страницата на банката.

Искористете ја промотивната понуда за штедење и девизини трансфери и аплицирајте на следните линкови.

Апликација за штедење: ProCredit Bank – Апликација за отворање орочен депозит (pcb.mk)

Апликација за отворање сметка со бесплатни приливи од странство: ProCredit Bank – Основен пакет (pcb.mk)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ