среда, 25 декември 2024

И наследникот на Аморим си има мака, му се спрема отказ по само осум натпревари

Спортинг размислува да му „удри клоца“ на Жоао Переира по само шест недели откако го наследи Рубен Аморим на кормилото на првиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

„Лавовите“ беа приморани да ангажираат нов тренер во ноември откако Манчестер јунајтед реши да ја плати откупната клаузула на Рубен Аморим.

Изборот падна на Жоао Переира, кој доби договор до 2027 година. Сепак, шест недели подоцна, Спортинг не е задоволен од работата на стратегот и размислува да му „удри клоца“.

Жоао Переира добро ја почна авантурата  со победа од 6-0, но Спортинг на следните седум натпревари забележа дури четири порази и го загуби првото место на табелата во првенството на Португалија.

Па раководството на клубот веќе отворило преговара со неколку кандидати, и големи се шансите Спортинг да има нов предводник за дербито против Бенфика на 29. декември.

И на Рубен Аморм не му цветаат рози на Олд Трафорд, по разочарувачкиот пораз од Борнмут во неделата, Манчестер јунајтед за прв пат по 1989 година ќе биде надвор од топ 10 на табелата на Божиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ