недела, 23 февруари 2025

И кога не дава голови е главен играч на теренот, Меси со нова магија го спаси Интер од пораз (ВИДЕО)

Лео Меси на стартот од новата сезона во МЛС покажа дека и понатаму е расположен за надигрување и со нова магија го спаси Интер Мајами од пораз во пресметката против Њујорк Сити.

Објавено на

часот

Сподели

Интер Мајами во 10-тата минута од судиското надополнување се избори за бод против Њујорк Сити на отварањето на новата сезона во МЛС.

И порај тоа што не се запиша во листата на стрелците, Лео Меси беше главен играч на теренот.

Аргентинецот му асистираше на Авилес за водство од 1-0 по пет минути игра, но стрелецот на голот поцрвене во 23. минута и ги остави соиграчите на цедило.

Со фудбалер повеќе, Њујорк Сити го сврте резултатот во своја корист, но Интер Мајами не се предаде, а Лео Меси изведе нова магија во 100. минута, кога во право време протна топка за Сеговија, кој ја префрли топката преку голманот за 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ