„Ние не сакаме да се вклучиме со војници во таа војна“, изјави Јирген Хард и додаде:
„Ако има мировна мисија во Украина за да се осигури дека прекинот на огнот и мирот се одржуваат, а има јасна основа на меѓународното право за тоа… не можам да замислам дека Германија би останала надвор од тој концепт“.
Британија и Шведска рекоа дека се спремни да постават мировни трупи во Украина ако се постигне договор за мир со Русија.