„Еден од аргументите е дека нема политичка Влада во Софија. Еве сега има и апсолутно го поддржувам премиерот да побара час поскоро средба со политичката влада и премиерот во Бугарија, за и тој дел конечно се расчисти. За да видиме дали можеме или не можеме да добиеме некакви дополнителни гаранции. Ќе го поддржиме, повторувам, кој било подобар предлог. Апсолутно, која било форма на дополнителни гаранции, меѓутоа нека се случи час поскоро, бидејќи времето поминува. Албанија и Црна Гора со крупни чекори одат напред“, изјави денеска на прес-конференција во седиштето на партијата Филипче.
Ние, кажа тој, направивме максимум што можеше.
„Сметам дека јасно е потврден идентитетот, македонскиот јазик – веќе потпишавме договор со ЕУ, но легитимно е да бара Владата дополнителни гаранции“, рече Филипче.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди дошле на власт со една силна кампања, посебно ВМРО-ДПМНЕ напаѓајќи ги договорот за добрососедство со Бугарија, заклучоците од францускиот предлог итн, потсетувајќи дека за ниту еден од овие документи за време на гласањето во Собранието не биле против.
„Правеа кампања, силна психоза и излегуваа од салата“, рече Филипче.