Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.
И за време на викендов времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 17 до 30 Целзиусови степени.