петок, 27 септември 2024

И Данска го поддржува мароканскиот план за автономија на Сахара

Мароканскиот министер за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, Насер Бурита, во средата во Њујорк разговараше со министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации.

 

Објавено на

часот

Сподели

На крајот од овој состанок беше објавено заедничкото коминике во кое се наведува дека „Данска го смета Планот за автономија претставен од Мароко во 2007 година како сериозен и кредибилен придонес во тековниот процес на ОН и како добра основа за договорно решение меѓу сите страни“.

Во ова заедничко коминике двајцата министри ја потврдија својата поддршка на процесот предводен од ОН и од личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за Западна Сахара, Стафан де Мистура, и на неговите напори за постигнување мирно и взаемно прифатливо решение за конфликтот во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Новата позиција на Данска е во согласност со меѓународниот моментум за поддршка на Планот за автономија создаден од страна на кралот Мохамед VI, кој се потврдува како фундаментален тренд во Европа, во сите региони на континентот.

Двајцата министри воедно ги поздравија и „историските билатерални врски меѓу Данска и Мароко, потврдувајќи ја нивната стратешка важност“.

На нивниот состанок во Њујорк, на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН, министерот Насер Бурита и неговиот дански колега разговараа за „Кралската иницијатива за промовирање на пристап до Атлантскиот Океан за земјите од Сахел“, започната од кралот Мохамед VI во ноември 2023 година, како и за данската стратегија „Векот на Африка“, започната од данската влада во август 2024 година.

Во овој контекст, Данска „ја подвлече важноста на билатералното партнерство со Мароко како центар на стабилност и движечка сила за раст и развој во регионот и во Африка воопшто“.

Состанокот даде можност да се разговара за „взаемните обврски кои имаат за цел дополнително да го промовираат партнерството меѓу двете земји на сите полиња од заеднички интерес, главно во однос на трговијата и инвестициите, миграцијата и развојот“. На состанокот исто така беа идентификувани и „клучни сектори за соработка“, особено во сферата на „обновливи извори на енергија, технологија за управување со водите и логистика“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ