среда, 29 јануари 2025

И Црногорците повикуваат на бојкот на продавниците во петок

Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат сите супермаркети и продавници во државата, пренесува Кафе дел Монтенегро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи ова нема врска со политиката. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани“, наведуваат во соопштението.

Алтернатива истакнува дека истата акција е спроведена во Хрватска и дека дала резултати. Најавена е иста кација и во Босна и Херцеговина за петок. „Алтернатива Црна Гора сака истото да го организира и во Црна Гора“, се додава во соопштението.

Тие сметаат дека цените се исклучително високи и дека водечките трговски ланци, договарајќи ги меѓусебно цените, пресудно влијаат на тоа граѓаните да не го почувствуваат зголемувањето на платите и пензиите во полн обем. „Можеме ли тој еден ден да ја оставиме политиката на страна, да не се делиме, сите да бидеме едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме?“, прашува Алтернатива Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ