Фото: Комунална хигиена
Станува збор за градежен, кабаст и мешан комунален отпад кои биле подигнати и транспортирани минатата недела околу Аквадуктот.
Како што информира Јавното претпријатие Комунална хигиена, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.
Инаку, наместо да биде гордост на Скопје, Аквадуктот пропаѓа. За последен пат бил обновен по земјотресот од 1963 година, кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на потресот.
Бројни патеписци низ вековите со воодушевување го опишувале аквадуктот.
Фото: Википедија