Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е по истоимениот текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска.
Во претствата играат Александар Михајловски, Нино Леви, Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Висар Вишка/Борче Начев, Кире Ѓоревски/Стефан Спасов, Ана Стојановска, Наталија Теодосиева, Тина Трпкоска, Стефан Спасов…
„Сите сме птици“ е во режија на Слободан Унковски, а работена според текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад.
Во претставата играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Драгана Костадиновска, Петре Арсовски, Емил Рубен, Сара Климоска, Дамјан Цветановски и Тина Трпкоска.
Билетите се достапни на веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ која работи секој работен ден и сабота од 12 до 20.