среда, 12 февруари 2025
„Во прашање ѝ е опстанокот“

Хрватски европратеник: На Европа ѝ треба безмилосна депортација на илегалните мигранти

Говорејќи на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, европратеникот Томислав Сокол рече дека е неопходен остар одговор на зголеменото насилство, што мора да вклучува запирање на масовната имиграција, воведување построги казни за сторителите на кривични дела, зајакнување на полициските овластувања и безмилосно депортирање на илегалните мигранти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Шведска, некогаш позната по својата безбедност, последниве години се соочи со алармантно зголемување на насилството и криминалот. Експлозиите, пукотниците и убиствата станаа секојдневие на улиците на Стокхолм, Гетеборг и Малме. Посебно загрижува зголемувањето на бројот на младите што вршат тешки кривични дела. Бројот на сторителите на тешки кривични дела со последица смрт кај возрасната група од 15 до 20 години е зголемен за речиси четирипати од 2014 година“, рече Сокол.

Што се сменило во шведското општество во последните десет години, а што би можело да биде причина за ваквата состојба, праша европратеникот.

Можеби сето тоа е поврзано со големиот пораст на имиграцијата во истиот период, посочи тој.

„Дали заради политичката коректност ќе избегнуваме да разговараме за вистинските прашања и ќе живееме во облаци? Потребен е жесток одговор на зголеменото насилство, што мора да вклучува запирање на масовната имиграција, воведување построги казни за сторителите на злосторства, зајакнување на полициските овластувања, но и безмилосно депортирање на илегалните мигранти“, рече тој.

Како што оцени, сегашната шведска влада работи во вистинската насока и „ние треба многу поостро да се однесуваме кон имиграцијата на ниво на ЕУ“.

„Во прашање е опстанокот на Европа“, рече Сокол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ