Милановиќ како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија во вториот круг на претседателските избори на 12 јануари, уверливо го победи кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Драган Пориморац.
До вториот мандат на Пантовчак Милановиќ стигна со најуверлива победа на некој кандидат во вториот круг на изборите во земјата, освојувајќи речиси 75 отсто од гласовите на излезените гласачи.
Премиерот и претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ изјави претходно дека ХДЗ ќе ја бојкотира инаугурацијата на Милановиќ поради „флагрантното кршење на уставот“.
Покрај премиерот Пленковиќ, на инаугурацијата не присуствуваше ни претседателот на собранието Гордан Јандроковиќ, кој денес изјави дека не оди бидејќи „така решила партијата“. Јандроковиќ, меѓутоа, изрази надеж дека по инаугурацијата ќе почне процес на подобра соработка со претседателот.
Мандатот на претседателот на Хрватска трае пет години и истата личност може два пати да биде избрана.