петок, 18 октомври 2024
Превирања во писателското друштво

Христо Петрески со реакција за оставките: ДПМ нема да биде заложник на лични пресметки

Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески денеска реагира во однос на оставките што на членство во претседателството на пиателската организација поднесоа осум писатели, од двете членови колку што брои ова раководстево. Петрески преку соопштение во целост ги отфрли, како што наведува, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста од страна на членови на претседателството на ДПМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Целокупното работење на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија од изборното собрание до денес е водено според статутот на Друштвото на писателите на Македонија. Сите одлуки за активностите на Друштвото на писателите на Македонија се поставени на седници и верификувани од страна на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија .Пополнувањето на испразнетите места со нови членови во претседателството на Друштвото на писателите на Македонија се вршело и се врши според листата на добиените гласови на изборното собрание на Друштвото на писателите на Македонија. За работата на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија постои архивирана и верификувана соодветна документација“, се наведува во реакцијата.

Воедно посочува дека Друштвото на писателите нема да биде инволвирано во пропаганди и притисоци кои се штетни за македонските национални интереси кои задираат во идентитетот и македонскиот јазик, литература и култура. 

„Друштвото на писателите на Македонија не смее да дозволи да се дискредитираат членовите на Друштвото и членовите на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија кои се легитимно избрано на редовното собрание. Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија нема да биде заложник на лични пресметки. Друштвото на писателите на Македонија е чувар на идентитетот и македонскиот јазик и тоа ќе биде и остане засекогаш!“, се вели во соопштението.

Осум члена на претседателството поднесоа неотповикливи оставки.

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска ги поднесоа оставките на 4 октомври. Во соопштението објавено од писателите по тој повод, во петокот, без да се образложат причините, беше наведено дека тие се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

Во петокот книжевникот Бранко Цветковски објави дека и тој поднел оставка од членството во претседателството на ДПМ, заради како што наведе, непочитување на статутот на Друштвото и приватизирање и манипулирање на тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на Претседателството од страна на актуелниот претседател на ДПМ пистаелот Христо Петрески.

„Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството, наведе Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

Писателката Фросина Пармаковска, која е член на ДПМ  јавно реагираше ДПМ споредувајќи ја со приватна фирма на трговец-поединец и побара вонредни избори. Потоасо критика за раководењето со ДПМ  реагираа и писателите, членови на ДПМ, Иван Антоновски, Живко Грозданоски и Славе Ѓорѓо Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ