петок, 18 октомври 2024

Христо Петрески пак поднесе оставка на функцијата претседател на ДПМ, вели, сега е официјално

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески денеска преку писмено соопштение повторно поднесе оставка од функцијата. „Почитувани, ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денес официјално поднесов оставка на местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија“, наведе Петрески.

Објавено на

часот

Сподели

Петрески на 9 октомври годинава поднесе неотповиклива оставка откако претходно осум члена на Претседателството на ДПМ кое брои девет членови, поднесоа неотповикливи оставки поради, како што рекоа дел од нив, непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење од страна на претседателот на ДПМ.

На 14 октомври, Петрески ја повлече оставката поради, како што наведе, барање на голем број членови на ДПМ и поради притисоци, уцени и закани, притоа наведувајќи дека за оставката само информирал, но не ја депонирал во писателската асоцијација, што значи дека нема правно дејство.

Вонредното изборно собрание на ДПМ е закажано на 25 ноември.

Деновиве се зголемува бројот на писатели и членови на ДПМ кои бараат спас за писателксата асоцијација и јавно ја повикуваат претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, за вонредното собрание закажано за 25 ноември да подготви и испрати до членството дневен ред за собранието, како и Деловник за вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ.

Друштвото на писатели не може да продолжи со нормална работа по последните настани и потребни се промени за спас на асоцијацијата, велат потписниците на повикот до Николовска, над сто писатели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ