„Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна македонската песна. Песна, која и не само италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на татковината Македонија, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом“, изјави Митрова.
Лани истиот хор победи на натпреварот во Римини, Италија.