среда, 5 февруари 2025

Холанѓаните бараат ЕУ да им воведе визи на Грузијците: „Патот кој го одбраа има своја цена“

Холандија бара од Европската Унија да го суспендира безвизниот режим со Грузија, изјави денес холандскиот министер за надворешни работи, пишува Ројтерс. Демонстранти во Грузија веќе една недела протестираат против одлуката на владата да ги стопира преговорите за влегување во ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп кажа дека официјално ќе бара од ЕУ „јасно да ѝ порача на грузиската влада дека патот кој го одбрале има своја цена“. Велдкамп ова го изјави пред пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на Малта. Тој кажа дека ќе побара од ОБСЕ да го истражи дејствувањето на грузиската влада.

Грузијците во моментов можат туристички да патуваат во земјите од ЕУ без виза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ