вторник, 22 октомври 2024

Холандија го обнови проектот кој го суспендираше поради скандалите во Судскиот совет

Владата на Холандија одлучи да го продолжи проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет“, кој го стави во мирување во мај 2023 година по неколкуте скандали што кулминираа со разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет во април 2023 година, информираа од Советот.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението до јавноста се наведува дека холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп изразил задоволство од ваквата одлука на холандската влада и рекол дека ова ќе придонесе кон имплементирањето на препораките на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ) и зајакнувањето на владеењето на правото во Македонија.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева пак иразила благодарност за, како што се наведува во соопштението, искрената и континуирана поддршка на Холандија и дека „овој гест е доказ за взаемната посветеност за негување на ефективен судски систем“.

Проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспрарентноста на Судскиот совет“ стартуваше во 2020 година, а треба да заврши оваа година.

Тонењето на високо профилните случаи на поранешното специјално обвинителство и случувањата во Судскиот совет кои го направија нелегитимно ова тело, се причините за таквата одлука, изјави тогаш во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор, Коп.

„Тоа е сериозен проблем и болно е за гледање“, изјави Коп.

Минатата година за пет месеци во Судскиот совет се сменија две претседателки. И Павлина Црвенковска и Весна Дамева заминаа од функцијата со обвинувања, Црвенковска обвини за делување на судска- бизнис елита, а Дамева за политички влијанија. Следуваа и оставки на двајца членови на Советот, па разрешување на Дамева кој повторно се врати на чело на Судскиот совет откако Управниот суд донесе пресуда дека незаконски била разрешена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ