вторник, 22 октомври 2024

Хит телефоните на Самсунг кои ќе ве воодушеват

Како што и беше очкувано, серијата Samsung Galaxy S24 направи вистински бум во светот на мобилните телефони, правејќи ги трите нови уреди посакувани и привлечни за купувачите, пред сé поради вештачката интелигенција во функциите на уредите претставена и преку слоганот на серијата S24 „Galaxy AI пристигна“. Интересно е да се спомне дека Galaxy S24 и Galaxy S24+ доживеаја значителен успех кој отскокна од очекуваното, особено вториот, покажувајќи се како вистински хит пред своите корисници.

Објавено на

часот

Сподели

Што ви нудат новите Galaxy S24 и Galaxy S24+ ?

Овие уреди изобилуваат со иновации кои ќе ја подигнат вашата продуктивност и можностите за комуникација на досега непознато ниво. Засновани на длабоко разбирање за тоа како луѓето ги користат своите телефони, Galaxy S24 и Galaxy S24+ се претставени како значајна интелигенција насочена кон подобрување на секој дел од вашиот живот, особено основната улога на телефонот – комуникацијата каде преводот и пребарувањето никогаш не биле полесни.

Ваш верен асистент за висока продуктивност

Со цел да им обезбеди на корисниците овие уреди неверојатна нова алатка, Galaxy во соработка со водечкиот светски пребарувач Google, создаде нова димензија на пребарување со интуитивни гестови водени од опцијата Circle to Search (Пребарување со заокружување). Доколку забележите нешто за што ви треба дополнително објаснување, на презентација или при пребарување на Интернет, можете брзо да добиете одговор, дури и без да ја напуштите страницата! Само заокружете и барајте – да, толку е едноставно!

Функцијата Chat Assist (Помош за разговор) овозможува превод на пораки, е-пошта и друга содржина во реално време. Исто така ви помага да го усовршите тонот на разговорот, за комуникацијата да звучи попрофесионално! Сега можете да одговорите на порака на вашиот јазик која автоматски ќе биде преведена за другата страна, при тоа без да се прашувате „како да го кажам ова?“ или „зошто не помислив на тоа?!“

Во автомобилот, Android Auto автоматски ќе ги сумира дојдовните пораки и ќе предложи релевантни одговори и дејства, како што е испраќање на вашето проценето време на пристигнување, за да можете да останете поврзани додека се фокусирате на возењето.

Запишувањето на вашите мисли или правење список со задачи во вашиот Galaxy S24 или Galaxy S24+   никогаш не било полесно со опцијата Note Assist (Помош за белешки) која ги скратува записите и го обликува текстот. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Transcript Assist (Помош за транскрипција) користи „говор во текст“ за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици. Впрочм, целата серија Galaxy S24 е создадена да ја направи вашата секојдневна интеракција со вашиот паметен телефон неверојатно интуитивна и исполнета.

Неспоредливо фотографско искуство

Камерата на паметните телефони Galaxy S24 и Galaxy S24+  навистина поставува нови стандарди, особено благодарение на обработката со вештачка интелигенција која гарантира максимален квалитет на сликата секогаш кога ќе го допрете копчето за слика: го подобрува тонот на бојата, го намалува шумот и ги покажува деталите подобро од кога било досега. Galaxy ProVisual Engine го револуционизира начинот на кој правите фотографии и видеа, намалувајќи ги заматените, пикселирани фотографии кои ги расипуваат посебните моменти! Овие фантастични уреди ќе ве придружуваат дури и при вечерните излегувања, благодарение на можностите на Nightography камерата, која обезбедува брилијантни и јасни резултати во сите услови. Не дозволувајте големата далечина да ве попречи да снимите важни моменти! Од живописни до специфични моменти, опцијата Zoom нуди импресивен зум до 100x, додека вештачката интелигенција ги подобрува деталите во секој момент, ја стабилизира снимката и спречува заматени слики.

Сигурноста на податоците на супер-високо ниво!

Заштитени од Samsung Knox, повеќеслојната одбранбена безбедносна платформа, Galaxy S24 и Galaxy S24+ ги чуваат критичните информации безбедни и штитат од пропусти со шифрирање користејќи целосно безбеден хардвер, откривање закани во реално време и споделена заштита. Корисниците имаат целосна контрола врз нивните податоци преку напредни поставки кои можат да ја оневозможат онлајн обработката на податоци за функциите на вештачка интелигенција.

Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ