сабота, 27 јули 2024
Реакција на Вреди

Хисени: Ахмети се уплаши од Таравари па го жртвува Османи вадејќи тези од нафталин

Фари Хисени од коалицијата Вреди денеска изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети се уплашил од соочување со кандидатот за претседател Арбен Таравари, па решил да го жртвува сопартиецот Бујар Османи и го кандидирал за претседателските избори притоа вадејќи бајати тези за избор на претседател и заменик претседател на Македонија во парламентот.

Објавено на

часот

Сподели

„Големата вест” на Ахмети потврдува дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво, рече Хисени.

„Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание, само со цел да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција д-р Арбен Таравари. Тоа како прво. А второ, тие во ДУИ уште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан па затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец’, рече Хисени.

Според него, логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на Албанците.

„На кого му служи Али Ахмети со овој потег? Коалицијата Вреди не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија“, рече Хисени во името на коалицијата Вреди, која ја сочинуваат Алтернатива, Беса, Демократско движење и крилото на Таравари од Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ