сабота, 27 јули 2024
Обраќање на лидерот на ДУИ

Ахмети: Со Османи за претседател напред, не за Русија, да за Европа

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во обраќање преку социјалните мрежи во директен пренос, повика дека пред Македонија е најважниот референдум на кој треба да се каже „Не за Русија, да за Европа“ и во тој контекст побара да му се искаже поддршка на Бујар Османи, практично најавувајќи дека министерот за надворешни работи Османи влегува во трката за претседател на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Ахмети се заложи функцијата претседател на Македонија да се избира во Собранието со двотретинско и со бадентеровото мнозинство, но се заложи и за воведување на функцијата заемник претседател на Македонија со цел и на чело на државата да биде застапена етничка рамноравност. Рече дека ако нема согласност ДУИ може и во опозиција да премине.

„Да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство од Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена која ја баравме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот во случајот за избор на  претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедството и продолжување на евроинтеграциите“, набележа лидерот на ДУИ во своето обраќање.

„Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“,. тоа е нашето мото за овие избори, рече Ахмети нагласувајќи дека е големо влијанието на шефот на руската држава Владимир Путин во македонското општество, во партиите и во медиумите.

„Поларната мечка, Русија, ни тропа на вратата и се меша во сите пори на нашето општество и влијае врз партиската сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии, во медиумите, во граѓанското општество и во секој општествен сегмент, не само овде, туку и во регионот. Путин и Лавров впрочем, изјавија дека со членството во НАТО Република Северна Македониуја се стави на линијата на огнот. Затоа молам за внимателност и за вистински избор“, рече, меѓу другото, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Сведоци сме дека членството во ЕУ не ни е можно и повторно сме  изолирани. Македонија е мала земја на крстосницата на цивилизациите. Затоа, ве повикувам да се собереме и да ја водиме последната битка од вечната војна и да кажеме ‘не за Русија, да за Европа’, заедно“, рече Ахмети.

Ахмети на почетокот од обраќањето нагласи дека од оваа говорница вообичаено кажува важни вести или информира за значајни одлуки па истакна дека тука го кажал сонот за први премиер Албанец, сон кој што се оствари, рече и додаде дека е потребана поддршка за Бујар Османи.

„Јас сум спремен да се соочам и со овој предизвик, да ја предводам и ова битка и да го заокружам нашиот заеднички пат, со чист образ, горд и со достоинство. Пружете ни ја раката, дадете ни збор, да си дадеме беса и овој пат затоа што нема да ве разочараме. Вие знаете дека јас го исполнувам мојот збор“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Инаку, од вчера обраќањето беше најавувано како „Големата вест“ што ќе ја соотшти  лидерот Али Ахмети, а меѓу дел од високите функционери на партијата се пронесе и веста дека Ахмети за кандидат за претседател на државата се двоуми меѓу кичевскиот градоначалним Фатмир Дехари и Бујар Османи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ