„Нема да дозволиме Соединетите Американски Држави безобѕирно да управуваат со Блискиот Исток во интерес на Израел и изјавуваме дека заедно со други национално-ослободителни сили ќе се бориме против проектот на Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа“, истакна Касем, чиј говор беше емитуван на телевизија.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека САД „ќе ја преземат контролата“ над Појасот Газа и ќе бидат одговорни за реконструкцијата на регионот, како и дека ќе ја претвори во „ривиера на Блискиот Исток“ за целиот свет.
Тој Појасот Газа во сегашната состојба го нарече „разурнато место“ и наведе дека „неговите жители треба за стално да заминат во други земји, а особено во Јордан и Египет“.
Тој не ја исклучи можноста САД да испратат трупи во Газа и вети дека лично ќе ја посети енклавата.