четврток, 31 октомври 2024

Хероин во дом на скопјанец

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска ги лишиле од слобода скопјаните И.Д. и А.А., на возраст од 42 и 43 години. При претрес во домот на И.Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Исто така, во домот бил затекнат А.А., соопшти МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ