среда, 12 март 2025

Хаварисани возила гореа во кругот на струмичката болница

Утрово во 05:05 часот изгореа две хаварисани возила во кругот на струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, во гаснењето на запалените возила интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Во информацијата се додава дека пожарот бил локализиран и изгаснат за кратко време по пристигнувањето и било спречено негово проширување на околните објекти.

Извршен е увид на местото на пожарот, а причините ќе се испитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ