петок, 1 ноември 2024

Хаос во Хрватска: „Торцида“ влетаа на теренот, фудбалерите панично бегаа во соблекувална (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Хајдук и Динамо во Купот на Хрватска донесе хаос, припадниците на навивачката група „Торцида“ влетаа на теренот, па играчите панично бегаа во соблекувална.

Објавено на

часот

Сподели

Динамо му ја уништи сезоната на Хајдук во период од само четири дена, и откако во саботата со 0-1 славеа на „Пољуд“ во првенството, вечерва „модрите“ со истиот резултат триумфираа во Купот на Хрватска и се пласираа во финале.

Ваквиот расплет не им се допадна на домашните навивачи, па припадниците на познатата „Торцида“ влетаа на теренот, и фудбалерите панично бегаа во соблекувалната.

Најрадикалните членови се обидоа и да се пресметата со гостинските навивачи од „Бед Блу Бојс“, но полицијата реагираше и не дозволи пресметка.

Од македонските интернационалци, во стартните постави на натпреваерот беше само Стефан Ристовски кај Динамо, Аријан Адеми воопшто не беше во протоколот, а Александар Трајковски влезе за Хајдук во 64. минута. Во 81. минута тој имаше и една шанса за израмнување, но не ја искористи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ