понеделник, 10 март 2025

Ханси Флик побара победа над Бенфика за починатиот доктор Карлес Мињаро

Тренерот на Барселона, Ханси Флик ги повика фудбалерите да одиграат против Бенфика за Карлес Мињаро и да победат за докторот кој трагично почина изминатиов викенд.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ во саботата го одложија натпреварот против Осасуна откако непосредно пред почетокот починал докторот Карлес Мињаро.

Како што пренесоа медиумите, докторот бил дел од карантинот на Барселона, утрото појадувал со фудбалерите, потоа го прегледал Роберт Левандовски и починал при попладневната дремка.

„Ова е голема загуба, Карлес беше голем човек и голем доктор“ – рече Ханси Флик на денешната прес конференција во пресрет на дуелот против Бенфика во Лигата на шампиони.

„Сите го обожаваа, беше важен дел од успесите. Ќе ни недостасува, но понекогаш животот знае да биде така суров… сигурен сум дека ќе ни помогне од небото“.

„Сега сакаме да одиграме за него. Ситуацијата е тешка, но сакаме да ја завршиме работата. Тимот е фокусиран и се справува со немилиот настан. Најдобриот начин да го надминеме сето ова е да излеземе и да победиме за него“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ