„Каталонците“ го задржаа 100% учинок во првенството на Шпанија, избраниците на Ханси Флик ја добија пресметката против Хетафе за 7 од 7 и 21 и освоен бод.
Барселона само трет пат во својата историја има ваков учиник, и Германецот е на чекор до големиот рекорд на Тата Мартино, кој во сезоната 2013/14 забележа 8 победи на стартот.
Роберт Левандовски вечерва беше херојот и донесе ново славје, напаѓачот искористи една лоша реакција на гостинскиот голман, и ја затресе мрежата за 1-0 во 19. минута.
Домаќините во продолжението од мечот имаа неколку шанси за поубедливо славје, но немаа добра завршница, па натпреварот заврши со минимални 1-0.