недела, 27 октомври 2024

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа

Исламистичкото движење Хамас на својот канал на Телеграм за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хамас, кој ја започна војната со напад врз јужен Израел на 7 октомври, во кој неговите борци убија 1.200 луѓе, главно цивили, и зедоа 253 заложници, се „извини“ за неволјите предизвикани од војната против Израел која трае веќе шест месеци, но ја нагласи својата волја за продолжување на војната која, според нив, треба да овозможи „победа и слобода“ на Палестинците.

Тоа радикално исламистичко движење испрати „порака за благодарност до луѓето“ во Појасот Газа и ја призна нивната „исцрпеност“ и рече дека се обидело да усвои мерки што ќе ги ублажат последиците од војната, особено обидите за „контрола на цените“ под дадените околности.

Хуманитарните потреби се големи, а малку помош пристигнува во енклавата, мнозинството од населението е внатрешно раселено и сега се наоѓа на самиот југ, во близина на градот Рафа на утврдената египетска граница. Според ОН, тој град пред војната имал 300.000 жители, а сега во него има околу милион луѓе.

Голем број лидери на Хамас, како Калед Мехал, поранешен шеф на политичко крило, во последните месеци велат дека „жртвите се неопходни“ за „ослободувањето“ на Палестинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ