недела, 16 февруари 2025

Путин и Пезешкијан најавија потпишување голем договор

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе разговараат во Русија на 17 јануари, по што ќе го потпишат долгоочекуваниот договор за сеопфатно стратегиско партнерство, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата лидери ќе разговараат за можностите за натамошно проширување на врските меѓу Москва и Техеран, вклучувајќи трговија и инвестиции, транспорт и логистика и хуманитарни прашања, соопшти Кремљ. Путин и Пезешкијан ќе разговараат и за регионални и меѓународни прашања, се додава.

Од почетокот на војната во Украина, Русија негува поблиски врски со Иран и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Северна Кореја. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во октомври изјави дека Москва и Техеран имаат намера да потпишат сојуз за стратегиско партнерство што ќе вклучи поблиска одбранбена соработка.

Соединетите Држави во септември го обвинија Техеран дека ѝ доставува балистички ракети со краток дострел на Русија за употреба против Украина и воведоа санкции за бродови и компании за кои рече дека се вклучени во снабдувањето со иранско оружје. Техеран негира дека ја снабдува Москва со проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ