среда, 12 март 2025

Хамас: Тројца полицајци загинаа во израелски воздушен напад во Газа

Во израелски воздушен напад источно од Рафа загинаа тројца полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хамас, нарекувајќи го кршење на кревкото примирје воспоставено на 19 јануари.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерството соопшти дека полициски службеници биле распоредени за да обезбедат влез на камиони со хуманитарна помош во Газа.

„Најостро го осудуваме ова злосторство. Ги повикуваме посредниците и меѓународната заедница да ја принудат окупаторската армија да престане да ги напаѓа полициските сили, кои се цивилна служба“, се вели во соопштението.

Израелската војска тврди дека нападот бил насочен кон неколку вооружени лица кои се движеле кон израелските сили во областа и дека „целите се потврдени“. Тие ги повикаа жителите на Газа да ги следат воените инструкции и да се држат настрана од израелските војници распоредени во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ