недела, 9 февруари 2025

Хамас ослободи тројца израелски заложници, ги принуди да зборуваат пред толпа Палестинци (ВИДЕО)

Хамас ослободи уште тројца заложници во Појасот Газа како дел од последната размена на затвореници со Израел, објави телевизијата денеска во живо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заложниците – по име Ели Шараби, Ор Леви и Охад Бен Ами – беа предадени на Црвениот крст и однесени со нивни комбиња, откако борците на Хамас ги изнесоа пред толпа Палестинци.

Тие беа принудени да зборуваат на микрофон на бината пред жителите на Газа собрани на местото на предавањето.

Мажите се предадени на израелската армија. По првичниот медицински преглед во воена установа, се очекува тие да бидат повторно обединети со своите семејства пред да бидат префрлени во болниците во централен Израел.

За време на првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на војната во Газа, треба да бидат ослободени вкупно 33 израелски заложници во замена за 1.904 палестински затвореници во израелските затвори.

Досега се ослободени 16 израелски заложници. Хамас ослободи и пет тајландски државјани, кои не беа вклучени во договорот. Израел ослободи 583 палестински затвореници.

Според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој е на сила од 19 јануари, Хамас мора 24 часа однапред да ги обезбеди имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени. Според израелските информации, во Појасот Газа сè уште има вкупно 79 заложници, но се претпоставува дека 35 од нив се мртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ