среда, 25 декември 2024

Хамас: Од октомври во Газа се убиени над 20.000 луѓе

Канцеларијата за медиуми на владата на Хамас објави соопштение на апликацијата за пораки Телеграм, во која се вели дека бројот на загинатите од израелските напади во Газа сега надмина 20.000.

Објавено на

часот

Сподели

За речиси 20.000 луѓе сега е пријавено дека се убиени, а за повеќе од 52.000 дека се повредени во Газа од почетокот на војната.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска објави изјава со која навидум ја отфрла можноста за итен прекин на огнот во Газа „пред елиминацијата на Хамас“.

Во објава на социјалните мрежи, тој рече дека секој што мисли дека Израел ќе ја прекине војната пред да ги постигне своите цели, „не е поврзан со реалноста“.

„Нема да престанеме да се бориме додека не ги постигнеме сите цели што си ги поставивме: елиминација на Хамас, ослободување на нашите заложници и крај на заканата од Газа“, повтори тој во изјавата.

Советот за безбедност на Обединетите нации треба да се состане денеска за да разговара за повиците за „итни хуманитарни паузи“ во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ