сабота, 19 октомври 2024

Хамас објави снимки од борбите со израелските војници (ВИДЕО)

Палестинската група Хамас објави нова снимка која наводно покажува како нејзините борци пукаат во израелските трупи на југот на Газа. Додава дека е направена во Кан Јунис, градот во кој во последните денови се одвиваат жестоки борби. Скај њуз засега не успеале да ја потврдат автентичноста на снимката.

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху, пак, вчера кажа дека во последните денови десетици милитанти на Хамас им се предале на израелските сили, што го покажува „неуспехот на Хамас„.

„Во изминатите неколку дена десетици терористи на Хамас им се предадоа на нашите борци. Ќе треба уште време, војната е сè уште во полн ек, но ова е почетокот на крајот на Хамас“, кажа Нетанјаху.

„На терористите им порачувам – готово е. Предајте се што побрзо“, додаде израелскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ