Ерлинг Халанд има постигнато гол против сите тимови од Премиерлигата против кои играл, освен на Брентфорд, напаѓачот не успеа да ја затресе мрежата на „пчелите“ и вечерва.
Но затоа на сцена стапи Фил Фоден, кој со хет-трик го предводеше Манчестер Сити до триумф од 1-3.
Домаќините најавија ново изненадување, Мопе реализираше за 1-0 во 21. минута, но Брентфорд капитулираше во последните секунди на првиот дел, одбраната лошо расчисти а Фоден изедначи на 1-1.
Англичанецот ги донесе „граѓаните“ во предност во 53. минута, на асистенција на Де Брајне, со глава погоди за 1-2.
Хет-трикот беше комплетиран во 70. минута, Халанд убаво остави една топка а Фоден по земја реализираше за 1-3.