Резултатот беше отворен по 15 минути игра кога Халанд го постигна првиот гол. Овој резултат беше актуелен се до 70. минута кога напаѓачот погоди за 2-0.
Хет-трикот Халанд го комплетираше во 75. минута од натпреварот.
Интересно беше на скандинавското дерби меѓу Данска и Шведска каде Данците победија со гол на Ериксен во 86минута. Резултатот беше 2-1.
Данска поведе уште во втората минута со гол на Хојбрјерг, а Исак во деветата минута изедначи на 1-1.