Како што е познато, вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители ја прелеа чашата на незадоволството на Владата од обвинителот Коцевски и таа одлучи Министерството за правда да поведе активности за негово разрешување.
„Сведоци сте за тоа дека постојано зборував за тоа дека републичкиот јавен обвинител е само фигура, дека тој е октроиран од обвинителите од поранешното СЈО и дека слепо ги реализира нивните барања. Со ова се потврди тоа дека сум бил во право. Овој јавен обвинител ќе се памети по тоа што служеше на една криминална банда на обвинители, кои ја оцрнија целата фела. Тука мислам на бандата предводена од неколку обвинители од поранешното СЈО. За жал, Коцевски, сакајќи да ги спаси нив од нивните криминали во СЈО, самиот си ја запечати кариерата“, вели Хајрулахи.
Тој додава дека сервилноста на Советот на јавни обвинители е повеќе од очигледна.
„Токму од овие причини, повеќе од потребно е што побрзо да се реформира и тоа тело, зафатено од канцерот наречен СЈО. Слепите извршители на Коцевски треба да се соочат со правдата и кривично да одговараат за незаконски донесените одлуки“, категоричен е Хајрулахи.