среда, 12 февруари 2025

Хаџибегиќ: Ако дадев гол, немаше да има војна во Југославија (ВИДЕО)

Славниот поранешен југословенски репрезентативец, Фарук Хаџибегиќ зборуваше за Светското првенство во Италија каде СФРЈ го имаше последниот настап на големите натпреварувања.

Објавено на

часот

Сподели

Тогаш Југославија дојде до четвртфиналето каде играше против Аргентина предводена од Диего Марадона. По 120 минути игра немаше голови, а Аргентинците победија на пенали со 3-2. Еден од пеналите ги промаши токму Хаџибегиќ кој беше капитен.

35 години подоцна тој тврди дека тоа промашување е многу поголемо од обично промашување.

„Да дадев гол, убеден сум дека ќе се пласиравме во полуфиналето, но да не звучи претенциозно, мислам дека и немаше да има војна во тогашната Југославија. А, ако не беше војната, ќе бевме шампиони на следното Светско првенство, во САД 1994 година. Тоа го кажувам апсолутно уверен и пред Бог и пред народот“, изјави Хаџибегиќ кој во својата кариера играше за Сараево, Бетис, Сошо и Тулуз.

Но, тој не беше единствен што промаши пенал во тоа четвртфинале против Аргентина. Непрецизни од белата точка беа уште Драгољуб Брновиќ и Драган Стојковиќ, а погодија само Дејан Савичевиќ и Роберт Просинечки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ