среда, 12 март 2025

Гвардиола: Шансите да го поминеме Реал Мадрид се помали од еден процент

Пеп Гвардиола вели дека шансите на Манчестер Сити да го помине Реал Мадрид во Лигата на шампионите се помали од еден процент.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид со 3-2 славеше на гостувањето кај Манчестер Сити, па сега тимот на Пеп Гвардиола ќе брка триумф на Бернабеу за да продолжи во Лигата на шампионите.

Во прилог на Сити оди убедливата победа над Њукасл од 4-0 која ќе им ја подигне самодовербата во пресрет на дуелот со Реал Мадрид, но Гвардиола барем по јавната изјава е песимист.

„Во повеќе натпревари не игравме како што треба и како што сакавме, па на крајот губевме. Тоа не влијаеше само на бодовите, туку и на размислувањата за следниот меч. Тоа се случува често. Нормално е дека оваа победа ни помогна, но шансите за победа на Сантијаго Бернабеу и поминување понатаму од оваа позиција и се само еден процент, можеби и помалку. Но додека имаме шанси ќе се обидеме, тоа е сигурно. Како и да е, оваа сезона сме многу далеку од добри игри. Многу сме лоши и во играта и во резултатите“, вели Гвардиола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ