Тој изјави за АП дека е „нереално“ да се мисли дека ОН може да имаат каква било улога во Газа во иднина, било да управуваат со територијата или да испраќаат мировници, бидејќи Израел веројатно нема да прифати таква улога на ОН.
Сепак, тој рече дека „ОН ќе можат да поддржат каков било прекин на огнот“.
ОН имаат набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.
„Се разбира, ќе бидеме подготвени да направиме сè што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашањето е дали страните (во конфликтот) ќе го прифатат тоа, и конкретно, дали Израел ќе се согласи“, истакна Гутереш.