четврток, 26 декември 2024

Гутереш: Ситуацијата во Газа веќе беше грозна, сега поради опсадата ќе биде уште полоша

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кажа денес дека е „длабоко вознемирен“ од најавата на Израел дека ќе почне целосна опсада на Појасот Газа по нападот на палестинската исламистичка група Хамас за време на викендот.

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сум вознемирен од денешната најава дека Израел ќе почне целосна опсада на Појасот Газа, ништо нема да може да помине – ни електрична енергија, ни храна ни гориво“, кажа Гутереш.

Израелската војска соопшти дека во служба досега повикала 300.000 резервисти и дека воведува целосна блокада на Појасот Газа по нападот на Хамас во кој настрадаа стотици Израелци, а на што Тел Авив одговори со воздушни напади.

Гутереш истакна дека ситуацијата во Газа била „крајно грозна“ и пред ненадејниот напад на милитантната група, додавајќи дека сега „само експоненцијално ќе се влоши“.

Иско кажа дека е потребни медицинска опрема, храна и други хуманитарни пратки и персонал, Гутереш кажа дека мора да се олесни внесувањето на неопходните залихи во областа.

„Ги повикувам сите страни и релевантни актери да им дозволат пристап на Обединетите нации за да достават итна хуманитарна помош за палестинските цивили, заробеници и беспомошни, во Појасот Газа“, кажа тој апелирајќи до меѓународната заедница да обезбеди моментална хуманитарна поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ