Парламентарното собрание на паневропската организација за човекови права и демократија усвои резолуција со која грузиската влада се повикува да ги ослободи политичките затвореници до април 2025 и да распише нови парламентарни избори.
Резолуцијата исто така ги ограничи правата на делегацијата на Грузиски сон во ПССЕ, а прашањето повторно ќе биде разгледано во април 2025.
Грузиски сон ја отфрли резолуцијата, нарекувајќи ја „неправедна и неоснована“.
Шефицата на грузиската делегација Теа Цулукијани изјави дека барањето нови избори ги надминува овластувањата на ПССЕ, го нарушува суверенитетот на Грузија и ја занемарува волјата на повеќе од 1,12 милиони гласачи. Таа кажа дека прифаќањето на таквите услови би претставувало предавство на гласачкото тело.
Цулукијани кажа дека иако Грузиски сон го прекинува учеството во ПССЕ, Грузија останува членка на Советот на Европа.
Таа обвини „политички сили“ дека вршат притисок врз Грузија да донесе „антигрузиски одули“, наведувајќи дека учеството ќе продолжи дури кога ќе прекине уценувањето.
Во Грузија се организираат протести од парламентарните избори во октомври, за кои опозицијата тврди дека се наместени во корист на Грузиски сон без да понуди докази, додека владејачката партија негира дека имало нерегуларности на гласањето.
Протестите ескалираа во ноември кога премиерот Иракли Кобахиѕе најави дека Грузија ги прекинува преговорите за пристапување во Европската Унија до 2028 година.