сабота, 8 февруари 2025

Груевски: „Ќе откриеме кој примал мито од Маѓар телеком“

Објавено на

часот

Сподели

Три лица што имаат кривични пријави за аферата „Телеком“ се во бегство и за нив има и меѓународна потерница.

Ќе се открие ли кој земал мито во Телеком?

Ова денес го изјави премиерот Никола Груевски, кој нагласи дека штом овие лица ќе бидат пронајдени и приведени, ќе има и нови сознанија за случајот.

„Случајот се наоѓа во судска постапка, личностите избегаа, тие се во бегство и за нив има меѓународна потерница. За тогашниот генерален директор на Телеком, Атила Сендреи, и за уште две лица. Во овој момент ниту ФБИ ниту македонската полиција и македонското Обвинителство ги немаат деталите тоа кој земал мито. Аферата „Телеком“ со подмитување политичари од актуелната власт во 2005 и 2006 година не е нова работа. ФБИ истрагата ја водеше заедно со македонското МВР и Обвинителство, а пред три години МВР покрена кривична пријава и судска постапка против три лица што денес се во бегство и за нив е издадена меѓународна потерница“, изјави тој одговорајќи на новинарско прашање, на денешното пуштање во употреба на двојно тениско игралиште во ОУ „Јан Амос Коменски“, во населбата Карпош.

Според него, ,,значајна работа е што деновиве случајот се актуализира откако американската Комисија за хартии од вредност и „Дојче телеком“ постигнале согласност да го прекинат процесот.

„Во случајот сите сме свесни дека во овој извештај јасно е напишано оти постои сомневање за подмитување на политичари од актуелната власт од 2005 и 2006 година заради тоа што не дозволувале, т.е. мотивите биле да не дозволат либерализација на мобилната телефонија и можност за влез на трет мобилен оператор“, рече премиерот.

Тој потсети дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во рок од 60 дена беше отворен меѓународен тендер за трет мобилен оператор и беше избран трет мобилен оператор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ