понеделник, 30 декември 2024

Груби: Неделава уште еден состанок со СДСМ за евентуален заеднички настап на изборите

Неделава би требало да имаме состанок со СДСМ и да видиме какви резултати покажуваат нивните анкети, какви се нашите анкети, за да видиме кој е најдобриот начин да се настапи на претстојните претседателски и парламентарни избори, изјави за 360 степени на МРТ1 Артан Груби, вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, член на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој прогнозира дека ДУИ би освоила меѓу 15 и 17 пратенички мандати при самостоен настап. Груби вели дека не сака да биде дел од кандидатските листи бидејќи смета дека многу повеќе може да придонесе работејќи позадински.

Во однос на заеднички листи на претстојните парламентарни избори Груби вели дека за тоа неделава ќе се „мери“ на уште една заедничка консултација.

„Во моментов, расположението во ДУИ е за разговори со други коалициски партнери, партијата на господинот Хоџа, на Тачи, на Реџепи Зеид и на други општествени чинители, додека со СДСМ имавме состанок пред десетина дена, заедно со претседателот на СДСМ, господинот Ковачевски, и мислам дека би требало да имаме состанок и неделава, деновиве што се пред нас, да видиме какви резултати покажуваат нивните анкети, какви нашите анкети, да видиме кој е најдобриот начин да се настапи“, рече Груби.

Вицепремиерот вели дека убедувањето на Ахмети да се нафати да биде кандидат за шеф на државата оди тешко зашто сметал дека не е во политиката заради функција, туку заради успешна мисија.

„Немало состанок за определување кандидат за претседател на државата. Убедувањето оди тешко. Го знаете неговиот став: ‘Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна’. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети“, вели Груби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ