„Ако земјите од Западен Балкан одлучиле да бидат дел од Европската Унија, треба стриктно да ја следат и да бидат усогласени со политиките на ЕУ. Невозможно е да се седи на две столчиња. Сите земји треба да ја осудат руската агресија, да воведат санкции, да покажат солидарност кон Украина и да промовираат регионална стабилност и добрососедски односи“, рече Грлиќ Радман на панелот „Западен Балкан: Нов евроатлантски замав“ во рамките на Форумот во Дубровник.
Тој посочи дека „националниот интерес на Хрватска е безбедно и стабилно соседство“ и повтори дека Хрватска може да им помогне на земјите од Западен Балкан со „знаење, експертиза и искуство“ на патот кон Европската Унија.