сабота, 27 јули 2024

Грешките на Американците во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Одлуките на Џо Бајден и на неговиот претходник Доналд Трамп да ја повлечат војската го ставија Стејт департментот пред „големи предизвици“. Како причини за тоа се наведуваат наводните дупки во пополнувањето на раководните позиции на самото место или недостигот на персонал поради пандемијата на коронавирусот.

Сè на сè, на највисокото ниво не биле доволно разгледани најлошите сценарија ниту колку брзо некои од нив би можеле да се случат.

Во поглед на идните кризи, исто така мора да се обезбеди да се слушне најширокиот можен спектар мислења, односно и таквите мислења што ги доведуваат во прашање политичките одлуки, се препорачува во извештајот.

Странските трупи, предводени од Соединетите Држави, извршија инвазија на Авганистан во 2001 година како одговор на терористичките напади на Ал каеда на 11 септември истата година.

Во тоа време меѓународната операција доведе до паѓање на талибанската влада, која ги криела терористите на Ал каеда. Во текот на 20 години воената операција чинела огромни суми пари, животите ги изгубиле десетици илјади цивили и членови на авганистанските сили за безбедност, како и неколку илјади меѓународни војници, вклучително и 2.461 државјанин на САД.

На крајот на август 2021 година последните трупи на САД конечно го напуштија Авганистан. Со тоа по речиси 20 години заврши меѓународната воена операција во земјата – откако талибанците повторно ја презедоа власта во Кабул. Повлекувањето на трупите што го презедоа Американците се покажа како хаотично и наиде на меѓународни критики и неразбирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ