За време на подготовките за појадокот во хотелот Гранд Картал се запалило врело масло, а пламенот се проширил откако вработените во кујната по грешка се обиделе да го изгаснат огнот со вода, пренесува турскиот портал Тренд.
Според истрагата, пожарот настанал поради прскање на врелото масло на скарата при подготовката на појадокот, а пожарот се проширил поради неправилната интервенција на персоналот во кујната, кој не употребил противпожарен апарат, туку вода.
Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната и понатаму на горните катови на хотелот.
Констатирано е дека вработените во кујната панично реагирале и исплашени ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани дека пожарот избувнал бидејќи не работел алармот за пожар.